Добредојдовте

во ДЕДО ДИМО

Етно ресторанот Дедо Димо е сместен во срцето на руралната средина с.Куратица кое се наоѓа 20км североисточно од Охрид на 1100м надморска височина. Пред се, при изградба на куќите се запазени автентичност на на градбата за ова поднебје (камен цигла и дрво), и е единствен ресторан во Куратица изграден според сите стандарди и „HACCP”. Со простор од 130м2 и капацитет од 100 седишта вградена изолација подно греење, погоден за секаков вид прослави, семинари, свадби, крштевки, родендени, деловни состаноци, приватни забави и останати дружења.

Ресторан

Во летниот период има отворена тераса со капацитет од седишта како и можност да уживате додека се подготвува традиционалната храна. Опкружен со живописната природа нуди традиционални јадења како што се домашен леб од фурна, ѓомлезе, петулици, домашни пити и други јадења подготвени со производи од домашно органско производство како и чаша домашно вино, ракија или сок.

Авантури

Покрај храната и чистиот воздух, може да уживате во незаборавните прошетки до Плаќенска планина на 1999мнв (Сталев камен) каде ќе имате можност да ги погледнете двете најголеми природни езера Охридско и Преспанско, како и панорама на половина Македонија делови од Албанија и Грција, прошетка со магариња, пешачење итн…

Куратица

На крајот на ова единствено и прекрасно искуство и патување ќе имате можност да ја слушните приказната за нашиот Дедо Димо.